Поранешниот голман на Манчестер Сити и на Гордиот албион, Џо Харт се пофали со новата тетоважа. 32 – годишниот голман го обоил целото десно заедно со надлактицата во црно, а целата тетоважа симболизира оклоп.
Иако тој му се заблагодари на авторот на тетоважата, реакциите во јавноста на неговата нова тетоважа не се баш најдобри. Многумина сметаат дека таа е најлошата во историјата.
„Сега имам оклоп… Да видиме што е следно. Не е по сечиј вкус, го разбирам тоа, но дефинитивно ме претставува мене“ напиша на социјалните мрежи голманот кој сега го чува голот на Барнли.
Joe Hart’s new tattoo has to be up there with one of the worst tattoos
Can you think of any worse? ? pic.twitter.com/V7RYPMZ3xU
— ODDSbible (@ODDSbible) June 18, 2019