Top Sport

Официјално – Марко Џампаоло е нов тренер на Милан!

Славниот италијански клуб Милан денеска официјално го потврди Марко Џампаоло (51) за нов стратег на клубот, наследник на Џенаро Гатузо.

Новиот тренер на „росонерите“ минатата сезона ја предводеше Сампдорија од Џенова. Тој со миланскиот клуб потпиша договор на две години, со опција договорот да биде продолжен на дополнителна една година.

Џампаоло ќе биде 60. тренер на Милан, а вкупно осми откако Масимилијано Алегри ја напушти „црвено-црната“ клупа во јануари 2014 година.

Медиумите на „Чизмата“ пренесуваат дека новиот стратег ќе заработува 2 милиони евра годишно.

Во кариерата Џампаоло беше на клупата и на Каљари, Сиена, Емполи, Катанија.

Scroll to Top