Славјето на мадридски Реал во финалето од шпанското кошаркарско првенство е одложено откако предмалку Барселона минимално со 78-77 ги совлада во „Блауграна“ и намали на 2-1 во серијата подобар од 3 победи.
Иако Реал водеше во поголемиот дел од средбата, Барса успеа да дојде до триумф кој и обезбеди најмалку уште еден меч во нивната сала.
Најпрецизен во победничата екипа беше Ертел со 21 поен, Синглтон постигна 12 поени, а Томиќ реализираше 11.
Кај Реал Мадрид Томпкинс и Кампацо собраа по 18 поени.