Атлетико Мадрид потврдија дека го обезбедиле потписот на Маркос Љоренте од градските ривали Реал Мадрид за 40 милиони евра.
24-годишниот Шпанец потпишува петгодишен договор со тимот на Диего Симеоне и би требало да биде замена за Родри Ернандез, кој е блиску до трансфер во Манчестер сити. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан му порача на Љоренте дека за него нема да има место во првиот тим, така што младиот Шпанец се реши да ја прифати понудата на Симеоне, кој веќе две години се обидуваше да го донесе на „Ванда метрополитано“.
За Реал пак, ова е загуба на уште еден фудбалер кој помина низ нивната академија, и тие повеќе би преферирале договор со Интер или Рома, кои беа заинтересирани, но на крајот финансиската понуда од Атлетико беше подобра.
Љоренте во декември беше еден од лидерите на Реал Мадрид под водство на тогашниот тренер Сантијаго Солари, но по доаѓањето на Зидан ситуацијата се смени.
Acuerdo para el traspaso de @marcosllorente, pendiente de que el centrocampista supere el reconocimiento médico.
? https://t.co/1HJoegakoQ#AúpaAtleti pic.twitter.com/2FpB2oWYDz— Atlético de Madrid (@Atleti) June 20, 2019