Хрватскиот ракометен репрезентативец, Лука Циндриќ е нов член на шпанскиот ракометен гигатн, Барселона.
Хрватот кој своевремено ги бранеше боите на Металург и Вардар (со „црвено-црните“ стана европски шампион во 2017) по една година помината во полски Киелце се реши за нов предизвик во кариерата.
„Барселона постигна договор со Киелце за ангажман на Лука Циндриќ (25 години, 182 сантиметри). Хрватскиот среден бек потпиша договор со тимот на Барселона за четири сезони, со важност до 30 јуни 2023“ – стои во клупското соопштение на Барса Ласса.
Тој потпиша четиригодишен договор со тимот од „Блауграна“, а точната сума за трансферот од полскиот во шпанскиот шампион се уште не е позната.