Фудбалската репрезентација на Србија за играчи до 21 година вечерва претрпе тежок пораз од фавозирираната селекција на Германија на Европското првенство У-21 во Италија и Сан Марино.
Конечниот резултат на семафорот по 90. минути на мечот во Трст гласеше 6-1 за младите „панцири“.
Голеадата ја започна Рихтер во 16 минута. На 2-0 зголеми Валдшмит во 30. минута, а истиот играч го постигна и третиот гол за Германија веќе во 37 минута. Со тоа беа потопени сите надежи дека младите српски фудбалери, предводени од новата акизиција на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, можат да дојдат до поволен резултат.
Германците и во вториот дел продолжија да ја полнат српската мрежа. На 4-0 во 69 минута зголеми Дахуд, а „петардата“ во мрежата на Србија ја заокружи Валдшмит со неговиот трет погодок во 80 минута.
Во 85 минута Живковиќ од пенал го постигна почесниот гол за Србите, а точка на мечот стави Маер во 92 минута за конечни 6-1.
По две кола во групата Б Германија е прва со 6 бода, Австрија и Данска имаат по 3, додека Србија е без бодови.