„Војната“ помеѓу Наполи и Јувентус продолжува откако газдата на Наполи, Аурелио ди Лаурентис изјави дека се надева дека Маурицио Сари нема да освои ништо во Јувентус и дека времето покажало дека тој убав го „проценил карактерот“ на тренерот.
Де Лаурентис не ги штедеше критиките кон Сари во финишот на неговата работа во Наполи, но и минатата сезона кога стана тренер на Челси, но сега, кога се приклучи на лутиот ривал Јувентус, работите се кренаа на ново ниво. Во интервју со весникот „Кориере дела сера“, Ди Лаурентис се „отвори“.
„Маурицио е добар тренер, видов дека може да биде од него. Не сум изненаден, фудбалот веќе не е за иконите. Но, тој не освои ништо со нас, и можеби нема да освои ниту во Торино. Сега тој е ривал и можам да му посакам да не освои ништо. Го почитувам неговиот избор, луѓето имаат право да прават што сакаат, но да ја понесат одговорноста. Никогаш не поверував во неговата апсолутна љубов кон Наполи и времето покажа дека сум во право. Тој работи 15 часа дневно и мисли само на теренот. Нема време за човечки односи. Мислам дека во три години со Наполи, никогаш не беше на тимска вечера со тимот. Мислеше само на натпреварите и на играта“, вели Ди Лаурентис.