Предраг Мијатовиќ, легендата на Реал Мадрид, вели дека ги остварил најголемиот дел од своите соништа, но, жали само на тоа што поранешна Југославија не останала заедно бидејќи така ќе станала светски шампион.
Мијатовиќ потсети на славната југословенска генерација на „Чилеанци“, кои во 1987 година ја освоија младинската светска титула, велејќи дека Хрватска во 1998 година стигна до третото место токму со тие фудбалери.
„Имавме среќа што сме формирани во силната југословенска лига, па и по успехот во Чиле, неколку години игравме во нашата земја. Денеска децата одат прерано во странство и тоа е голем проблем. Не стигнуваат да се формираат како фудбалери, но и како личности. Не сум човек кој жали за минатото, но да останавме заедно, ќе сврзевме три-четири големи натпреварувања и ќе станевме светски шампиони со малку среќа“, вели Мијатовиќ во интервју за српската верзија на „Би-би-си“.
Тој открива дека додека бил фудбалер на Реал, бил фантастичен во тандем со хрватскиот репрезентативец Давор Шукер, сега претседател на Хрватската фудбалска федерација.
„Не ми беше тешко да ги сочувам односите, бидејќи со луѓето од цела поранешна Југославија играв, се дружев, освојував трофеи. Не дозволив тие ситуации да не оддалечат, бидејќи на крајот, спортистите не беа виновни за тоа. Исто така немав потреба да го докажувам патриотизмот на таков начин и да бидам примитивец“, вели црногорската фудбалска легенда.