Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека погрешил кога изјавуваше дека ќе си замине од фудбалот ако неверојатните суми дадени за фудбалери ќе станат норма.
Клоп реагирајќи на тогаш рекордниот трансфер од 100 милиони евра на Пол Погба во Манчестер јунајтед, вети дека ќе се пензионира ако ваквите „луди“ суми станат реалност, но полека го „омекнуваше“ овој став откако и Ливерпул потрошија пари за засилувања.
Сега, во изјава за „Скај спорт“ тој вели дека кога бил тренер на Борусија Дортмунд сметал дека буџетот на Баерн Минхен бил огромен, но сега додава дека тие го купиле Виргил ван Дајк за висината на тој цел буџет една деценија подоцна.
„Можеби тогаш работите беа погрешно преведени, но поентата беше ако дојдеме во момент кгоа фудбалот е само за парите, а не за фудбалот, ќе си заминам и уште мислам така. Но, Ливерпул е амбициозен клуб и ако не трошевме пари како и другите, немаше да можеме да бидеме конкурентни. Сите фрлаат пари, па мораме и ние“, вели Клоп.
Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч