Бразилецот Фелипе Кутињо не се пронајде себе си во Барселона по преминот во јануари 2018 од Ливерпул, па Каталонците сакаат да се ослободат од неговите услуги. Еден од потенцијалните купувачи би можел повторно да биде Ливерпул, пишува француски „Ле 10 Спорт“.
Веста за интересирањето на Ливерпул за Бразилецот доаѓа по неговата потврда на Копа Америка дека можно е да ја напушти Барса.
„Не знам дали ќе продолжам во Барса, никој не ја знае иднината, но сега знам дека сум фокусиран на играњето за репрезентацијата“ рече Кутињо.
Претходно се споменуваше и трампа на релација Париз – Барселона, односно Нејмар за Кутињо.
Кутињо од доаѓањето во Каталонија за Барса погоди 32 пати на вкупно 76 меча, а Ливерпул се чини е идеална дестинација за враќањето на старата форма.