Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон е победник во денешните квалификации за ГН на Франција, возени на патеката „Пол Рикард“. Хамилтон до пол позиција стигна со нов рекорд на патеката, 1:28.319.
Зад Бротанецот се најде тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, а третата позиција на утрешната трка ќе ја заземе младиот возач од Ферари, Шарл Леклер.
Редоследот за утрешната трка во продолжение е Макс Ферстапен од Ред Бул, па возачите на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Сајнц, а дури на седмата позиција, разочарувачки за него, се пласираше Себастијан Фетел од Ферари.
Денешната е 86. пол-позиција за Хамилтон во кариерата, а Мерцедес е на врвот на вечната листа во категорија 1-2 пол-позиција, со 63 пласмани во првиот ред, за разлика од Вилијамс, Ферари и Мекларен кои досега по 62-пати тргнувале први на стартот на Ф1 циркусот.
BREAKING: @LewisHamilton takes pole position in France, ahead of @ValtteriBottas and @Charles_Leclerc ⏱️#F1 #FrenchGP ?? pic.twitter.com/mRwpZxVb8r
— Formula 1 (@F1) June 22, 2019