Алжир имаше победнички старт на натпреварувањата на Африканскиот куп на нации, откако со 2:0 беа подобри од Кенија во вториот меч од групата Ц, каде што претходно Сенегал со идентични 2:0 беше подобар од Танзанија.
Триумфот за тимот на селекторот Џамел Белмади беше осигуран за 9 минути во првото полувреме, кога прво Багдат Бунеџах донесе водство во 34. минута со гол од пенал, за капитенот, Ријад Марез во 43. минута да ги постави конечните 2:0.
Со овие резултати, Алжир и Сенегал имаат по три поени, додека Танзанија и Кенија се без поени и без постигнат гол.