Поранешниот извршен директор на Сакраменто кингс, Џефри Дејвид доби затворска казна од седум години откако украл 13.4 милиони долари од НБА клубот и си купил луксузни куќи, приватен авион и огромни парични суми како подарок за членови на семејството.
44-годишниот Дејвид убедил два главни спонзори на клубот да му дадат исплати однапред, кои потоа ги уплаќал на своите лични сметки. Тој тврдеше дека планирал да ги продаде куќите, да ги врати парите на Кингс и да го заддржи профитот
„Таа приказна нема смисла. Никој не може да поверува во неа“, изјави судијата Вилијам Шаб кога му ја изрече казната.
Инаку, Дејвид заработувал повеќе од 300.000 долари годишно плус годишни бонуси со НБА-клубот. Неговата „шема“ се открила кога тој заминал на слична позиција во Мајами хит во 2018 година, кога еден вработен на Кингси ги открил документите на неговиот компјутер и ги известил ФБИ.