Top Sport

Холанѓанките во четврт-финале со пенал во последната минутa

Холандија се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство за жени во Франција, откако во драматична завршница со гол од пенал ја победија Јапонија со 2:1.

Холанѓанките, кои се европски шампионки, поведоа со голот на Лиеке Мертенс во 14. минута, меѓутоа поранешните финалистки од СП, Јапонија израмнија во финишот на првото полувреме. Победничкиот гол за Холандија повторно го постигна Мертенс во 90-тата минута.

Холандија во четврт-финалето ќе игра со Италија, која претходно со 2:0 ја победи Кина. Од осумте четврт-финалисти на Мундијалот, дури седум се од Европа, а таа која не е е главен фаворит за титулата – репрезентацијата на САД.

СП ФРАНЦИЈА 2019, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Норвешка – Англија

Франција – САД

Италија – Холандија

Германија – Шведска

Scroll to Top