Челниците на Далас Маверикс ќе се сретнат со Кристапс Порзингис и на кошаркарот кој летово е ограничено слободен агент ќе му понудат максимален петгодишен договор вреден 158 милиони долари.
Порзингис од 30 јуни се стекнува со статус ограничено слободен агент. Маверикс каде Летонецот пристигна во февруари имаат намера да му понудат долгорочна соработка.
Њујорк Никс во 2015 година го избраа Порзингис како четврти пик на драфтот. Овој играч од октомври 2018 година, поради операцијата на вкрстените лигаменти нема одиграно ниту еден натпревар.
23 годишниот играч досега има одиграно186 натпревари во НБА, на кои просечно бележел по 17,8 поени, 7 скока и 1,3 асистенции по натпревар.