Фудбалската репрезентација на Шпанија ќе и се спротистави на Германија во финалето на Европското првенство до 21 година во Италија, откако во четвртокот навечер во Реџо Емилија со 4:1 ги совладаа Французите.
Франција стартуваше подобро и имаше предност од 1:0 со голот од пенал на Жан-Филип Матета во 16. минута, но младата „фурија“ се разбуди и во 28. минута преку Рока израмни на 1:1, пред Микел Ојарзабал во 43. минута да го направи пресвртот.
Селекцијата на тренерот Луис де ла Фуенте, во второто полувреме постигна уште два гола, откако прво талентот на Динамо Загреб, Дани Олмо имаше убав гол на почетокот на второто полувреме, пред Борха Мајорал да зголеми на 4:1.
Шпанците сега ќе играат со Германија за европскиот трофеј, откако Германија со 4:2 беше подобра од Романија во првото полуфинале.