Бранителот на титулата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, со своите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер може да се сретне дури во евентуалното финале. Претпладнево во Лондон беше одреден костурот на натпреварите на најпрестижниот турнир во светот на тенисот.
Ѓоковиќ одбраната на титулата ќе ја започне в понеделник, од 14 часот, против Германецот Филип Колшрајбер. Од почетокот на годината овие двајца веќе одиграле три меча, Србинот добил два (Монако и Рим), а Германецот еден (Индијан Велс).
Првиот сериозен тест, според ждрепката Ѓоковиќ треба да го има во четврт-финалето каде проектиран противник во е Гркот Стефанос Циципас, додека во полу-финалето би можел да игра против Кевин Андерсон или Александар Зверев.
Роџер Федерер, кој има осум титули на Вимблдон, во првото коло за противник ќе го има Лојд Хас од Јужна Африка. Четвртото коло на Федерер би можело да му донесе дуел со Борна Чориќ.
Рафа Надал на стартот ќе игра со Јучи Сугита, а во второто коло ќе има тежок ривал, Ник Кирјос.
Шпанецот може да има тешки противници и во понатамошниот тек од турнирот, во третото коло може да игра против Денис Шаповалов или Жо-Вилфред Цонга, а четвртото коло може да налета на Марин Чилиќ.
Проектирани четврт-финалиња:
Новак Ѓоковиќ-Стефанос Циципас
Кевин Андерсон-Александар Зверев
Доминик Тим-Рафаел Надал
Кеи Нишикори-Роџер Федерер