Челниците на Атлетико Мадрид доцна синоќа го потврдија трансферот на Бразилецот Ренан Лоди од Атлетико Паранаенсе. 21 годишникот може да игра на двете позиции по левата страна, како бек и крило.
Ренан Лоди е третото засилување за Атлетико од почетокот на преодниот рок, откако претходно договори потпишаа Фелипе од Порто и Маркос Љоренте од Реал Мадрид.
Клубот не ги објави условите под кои фудбалерот кој со Атлетико Паранаенсе во 2018 година ја освои Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) се пресели на „Ванда Метрополитано“.