Top Sport

Манчестер Јунајтед го купија Ван Бисака

Манчестер Јунајтед потврдија дека нов играч на клубот е 21 годишниот десен бек Арон Ван-Бисака.

Младиот репрезентативец на Англија ќе потпише пет годишен договор и ќе заработува околу 90.000 евра неделно. Во Кристал Палас тој имал најмала плата, речиси осум пати помала од она што ќе го заработува на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед за Ван-Бисака на Кристал Палас ќе му платат 56 милиони евра (50 милиони фунти), со што тој ќе стане најскапиот десен бек во историјата на фудбалот. Исто така Ван-Бисака е петтиот најскапи играч во историјата на клубот, Јунајтед повеќе од него платил само за Пол Погба, Ромелу Лукаку, Анхел ди Марија и Фред.

Ван-Бисака е второто засилување за „црвените ѓаволи“ во овој преоден рок, откако претходно од Свонси го купија Даниел Џејмс.

Scroll to Top