Челси ги предупредиле колегите од Атлетико Мадрид дека ќе го вратат Алваро Мората на „Стенфорд Бриџ“ доколку клубот од Мадрид во овој преоден рок не го откупи неговиот договор.
Мората, во јануари оваа година, пристигна во Атлетико на 18 месечна позајмица, со опција по истекот на истата „јорганџиите“ да го откупат неговиот договор.
Иако се мислеше двата клуба имаат цврст договор, Челси биле подготвени да го вратат Мората, а потоа имале и опција да го продадат. „Сините“, во овој и наредниот преоден рок не можат да купуваат играчи поради забраната што има ја изрече ФИФА.
Наводно Челси им порачале на колегите од Атлетико дека за 50 милиони фунти можат да го откупат договорот на Мората.
Прашање е како ќе заврши оваа сага бидејќи неодамна Мората изјави дека е среќен во Мадрид и дека нема намера да се враќа во Лондон.