Фудбалерикита на Холандија обезбедија пласман во полу-финалето на Светското првенство. Претходно меѓу четирите најдобри се најдоа Англија и САД, а последниот полу-финалист ќе биде познат по одигрувањето на натпреварот Германија-Шведска (сабота, 18.30 часот).
Холанѓанките до најголемиот успех на мундијалите стигнаа со победата над Италија 2:0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, поточно во последните 20 минути.
Најпрвин, во 70 минута фудбалерката на Арсенал Миедема го постигна првиот гол, а десет минути подоцна фудбалерката на арселона Ван дер Грат го постави конечниот резултат.