Шесткратниот Ол-стар, Кајри Ирвинг ќе е сретне со првите луѓе на Бруклин нетс во обид да се договорат на четиригодишен договор вреден максимални 141 милиони долари, тврди „ЕСПН“.
Слободниот агент Ирвинг е дел од храбрата стратегија од два дела на Ирвинг, кој планира да си замине од Бостон селтикс да се врати дома – тој е роден во Њу Џерси. Нетси се заинтересирани и за Кевин Дурент, кој потврди дека станува слободен агент одбивајќи да остане во Голден Стејт вориорс.
Ирвинг имаше просек од 23.8 поени, 6.9 асистенции и 7 скока во 67 натпревари за Селтикси. Но, во бурната сезона, која заврши во полуфиналето на Истокот по поразот од Милвоки бакс, тој не го криеше незадоволство од управат и од соиграчите.
Неговиот потпис со Нетси ќе влијае на иднината на Д’Анџело Расел, бидејќи Бруклин не планираат да го вратат во тимот и тој може да побара друг тим.