Top Sport

Хамилтон ги сака сите машини – автомобили, авиони, јахти… (галерија)

Луис Хамилтон е петкратен Формула 1 шампион и можеби ќе помислите дека кога не е на работа не сака да се занимава многу со машини, но реалноста е сосема различна – тој има направено колекција на секакви превозни средства – автомобили, јахта и приватен авион.

„Не знам многу за виното. Ниту за уметноста. Но, знам за автомобилите и затоа сум многу посебен околу тоа прашање“, вели 34-годишниот Британец за „Сан“.

Во неговата колекција има автомобили од 15-тина милиони фунти – од супер-автомобили до ретро-класици во две гаражи – една во Монако и една во Лос Анџелес. За да се зачуваат, тој не ги вози назад дома, туку има посебен камион за пренос со кој се земаат додека тој е на пример во ресторан.

Во неговата необична колекција е Пагани Зонда (вредност од околу 1.6 милиони фунти), која е уникатен автомобил направен само за него – со пурпурна внатрешност. Сепак, тој признава дека се работи за автомобил кој „мрази“ да го вози.

Најскапиот автомобил во колекцијата е класика – Шелби 427 Кобра од 1966 година, со која честопати се вози оково Калифорнија. Автомобилот вреди најмалку 4 милиони фунти.

Иако вози за Мерцедес, во колекцијата е и Ла Ферари, класичен автомобил од милион фунти кој достигнува од 0-до-100 км/ч за неверојатни 2.4 секунди, како најбрз автомобил во колекцијата.

Тука е и Мерцедес-АМГ Проект 1, автомобил кој официјално ќе излезе во продажба следната година. Хамилтон беше вклучен во дизајнот на хибридниот спортски автомобил кој ќе биде изработен само во 275 парчиња. Во колекцијата е и Мекларен П1, од времето кога тој беше возач на овој тим, Форд Мустанг Шелби ГТ 500 од 1967 година, Мерцедес-Мајбах 6, а тука се и мотициклите – Хонда ЦФР450РХ мотокрос мотоцикл, како и Маверик Х3 баги.

Во 2013 година тој си купи и приватен авион – Бомбардиер Челенџер 605 за 16.5 милиони фунти, а за вода тука е 5 милиони фунти вредната Сансикер 90 јахта, на која честопати има гости.

Scroll to Top