Top Sport

Тотенхем го срушија рекордот и за 60 милиони евра го донесоа Ндомбеле

Тотенхем потврдија дека платиле 60 милиони евра да го купат играчот од средниот ред на Лион, Тангуј Ндомбеле, што претставува рекордна сума за финалистот од Лигата на шампионите.

22-годишниот Французин потпишува шестгодишен договор со Тотенхем и доаѓа откако Џек Кларк дојде од Лидс за освежување на Спарси, откако претходно 18 месеци немаа направено трансфер. Сумата може да достигне и до 70 милиони евра со бонуси и е целосна спротивност од минатото лето, кога тимот не купи ниту еден фудбалер.

Ндомбеле стана еден од најпосакуваните фудбалери од средниот ред по две одлични сезони со Лион и тој беше поврзуван со тимот на Манчестер сити, така што е вистински успех на тимот на Маурисио Почетино.

Ндомбеле стигна во Лион за само 8 милиони евра пред две сезони од Амиен, и имаше речиси 100 настапи за францускиот клуб во двете сезони, завршувајќи ја минатата сезона со 3 гола и 8 асистенции, а посебно импресионираше против Манчестер сити во Лигата на шампионите (Лион ги доби Сити со 2:1 и одигра 2:2).

Претходниот рекорд на Тотенхем, беа 36-те милиони фунти кои ги платија на Ајакс за колумбискиот дефанзивец Давинсон Санчез пред две години.

Scroll to Top