Манчестер сити, во четвртокот, го официјализираа трансферот на Родриго Ернандез Родри. „Граѓаните“ за наследникот на Бускетс, како што го нарекуваат Родри, издвои 70 милиони евра, што е втор најскап трансфер во историјата на клубот. Повеќе пари Сити платиле само за Кевин Де Брујне (76 милиони евра).
„Неверојатно е што успеа овој клуб да направи во изминатите две сезони. Не само поради трофеите, туку поради начинот на кои стигна до нив. Драго мие што ќе работам со Пеп Гвардиола и што ќе играм во тим што игра напаѓачки фудбал“, рекол Родри.
Во Манчестер сити тој ќе го носи бројот 16 на грбот, а би можел да дебитира на 17 јули, на контролниот натпревар со Вест Хем.