Top Sport

Ренова, Академија Пандев и Пелистер во полуфиналето

Македонија ги доби првите три полуфиналисти од Купот на Македонија, откако Ренова, Академија Пандев и Пелистер го потврдија пласманот и во реваншот.

Ренова се врати од негатива 1:0 за да го совлада Скопје со 2:1 и да обезбеди вкупен пласман со 4:1, Академија Пандев повторно го „торпедираше“ Тетекс, овојпат со 4:1, за вкупна победа од 6:1, додека Пелистер и Победа одиграа 2:2 во пелагониското дерби, што беше доволно Пелистер да оди во полуфиналето.

За четвртиот полуфиналист ќе се почека, бидејќи Вардар и Шкупи уште го немаат одиграно ниту осминафиналниот дуел поради обврските на шампионот во Лигата на Европа. Подобриот од тој дуел ќе се судри со Шкендија во четврт-финалето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ

Скопје – РЕНОВА 1:2

Прв натпревар 0:2, вкупно 1:4

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Тетекс 4:1

Прв натпревар 2:0, вкупно: 6:1

Победа – ПЕЛИСТЕР 2:2

Прв натпревар 2:5, вкупно 2:7

Фото: ФК Академија Пандев

Scroll to Top