Николо Лапровитола, актуелен МВП на шпанската АЦБ чила е нов играч на Реал Мадрид. Лапровитола во Реал ќе игра заедно со сонародникот Факундо Кампацо.
Лапровитола потпишал договор со Реал до 2021 година, а финансиските детали од договорот не се објавени.
Аргентинецот во дресот на Хувентуд минатата сезона бележел 17,2 поени, 2,5 скока и 6.4 асистенции по натпревар. Тој е најзаслужен што Хувентуд по пауза од четири години повторно играше во плеј-офот.