Top Sport

Словенецот Пелко го засили РК Вардар

Младиот Словенец Домен Сикошек Пелко ги засили редовите на европскиот првак Вардар. 21 годишнот ракометар со црвено-црните потпишал едно годишен договор, со соработката да продолжи уште две сезони. Конкуренти за место во тимот, а пикрот кој е висок 202 сантиметри ќе му бидат капитенот Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин.

„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот, вели Скикошек Пелко.

Овој играч во кариерата настапувал за Брежице, Кршко, Добова, Требиње и Брук.

Scroll to Top