Фудбалерот на Барселона Џерар Пике на шпанските даночни власти ќе мора да им плати 2,1 милиони евра, соопшти судот во оваа земја.
Во соопштението се наведува дека судот ја потврдил претходната одлука и дека Пике ќе мора да ги подмири сите обврски кон државата од 2009 и 2010 година. Во овој период Пике не платил данок од приходите на правата на своите фотографии.
Пике првата одлука ја обжалил во 2016 година.
Под истрага за неплатен данок се наоѓа у сопругата на Пике, поп-ѕвездата Шакира. Таа негира дека не ги исполнила своите даночни обврски кон државата Шпанија.
Изминатите години шпанскиот суд, поради даночно затајување, казни голем број на фудбалери, меѓу кои и двајцата најдобри во моментов Лионел Меси и Кристијано Роналдо.