Словачкиот мајстор за спринтови, Петер Саган стигна до својата прва победа на Тур де Франс оваа година, откако ги совлада Белгиецот Вут ван Ерт и Италијанецот Матео Трентин во спринтерски финиш на петтата етапа во Колмар.
За трикратниот светски шампион од тимот на Бора-Хансгрое, ова е 12. етапна победа на најпознатата велосипедска трка и доаѓа по 175.5 километри ридеста етапа во Алзас во источна Франција.
Европскиот шампион Трентин го отвори спринтот помогнат од неговиот колега од Мичелтон-Скот, Дарил Импи, но Саган најде пат од другата страна на улицата за да стигне до убедлива победа со која се зацврсти на првото место во пласман на поени (зелена маичка).
Второто место на Ван Ерт му донесе шест бонус секунди со што тој сега е на второто место во генерален пласман со 14 секунди заостанувањ зад Французинот Жулиен Алафилип (Декеунинк-Квик Степ), кој заврши во топ 10.
????#TDF2019 pic.twitter.com/wSrRezNQKi
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) July 10, 2019