Top Sport

Како во 2007! Федерер, Надал и Ѓоковиќ во полуфинале на Вимблдон

Старата „гарда“ уште е тука. Во реприза на турнирот од пред 12 години, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во исто време се во полуфиналето на Вимблдон, покажувајќи дека нивното време уште не е готово и секако, предизвикувајќи огромно внимание кај љубителите на тенисот.

Последен во полуфиналето влезе Рафа Надал, откако повторно во лесни три сета со 7:5/6:2/6:2 го совлада американскиот ветеран Сем Квереј. Шпанецот, кој оди на трета титула на „Ол Ингланд клубот“, сега во полуфиналето ќе се судри со својот стар ривал, Роџер Федерер, кој кратко пред победата на Надал во четири сета го совлада Кеи Нишикори. Ова ќе биде прва пресметка на двајцата тенисери на тревата на Вимблдон по легендарното финале од 2008 година.

Во второто полуфинале е актуелниот шампион, Новак Ѓоковиќ по „демолирањето“ на Сем Квереј, а во ова елитно „друштво“ се најде и Роберто Баутиста Агут, кој своето прво гренд слем полуфинале ќе го игра против Србинот.

Новата тениска генерација ќе мора да почека…

ПОЛУФИНАЛЕ, ВИМБЛДОН

Новак Ѓоковиќ (Срб) – Роберто Баутиста Агут (Шпа)

Рафаел Надал (Шпа) – Роџер Федерер (Шва)

Scroll to Top