Магазинот „Форбс“ ја објави листата на 100 најплатени забавувачи (шоумени) во светот. На листата се наоѓаат актери, пејачи, комичари и спортисти. Вкупно на листата има 34 спортисти, во тројца од нив се во топ 10.
Најбогат спортист, забавувач е Лионел Меси, тој се наоѓа на четвртото место. Пред него на листата на „Форбс“ се Кание Вест, Кајли Џенер и Тејлор Свифт.
Зад Меси се наоѓа неговиот вечен опонент Кристијано Роналдо. Португалецот годишно заработува 109 милиони евра, 18 милиони помалку од Аргентинецот и се наоѓа на шестото место. Зад Роналдо е Нејмар со годишни приходи од 105 милиони евра.
Од тенисерите најплатен е Роџер Федерер, Швајцарецот се наоѓа на 11 место.
Од кошаркарите највисоко котира Леброн Џејмс. Играчот на Лос Анџелес Лејкерс е на 17 место. Инаку на листата на „Форбс“ има девет НБА-играчи.