Џампјеро Вентура, човекот кој успеа да не ги однесе Италија на Светското првенство во Русија во 2018 година, признава дека згрешил што станал италијански селектор, но инсистира дека тоа не ги поништува претходните 33 години од неговата тренерска кариера
Вентура се обидува да ја врати репутацијата на 71 година, откако стана тренер на второлигашот Салернитана, но секако фијаското од квалификациите за СП, кое во Италија беше протолкувано како нацонална кариера, ја става во сенка секоја следна негова работа. Италија го загуби баражот во два меча од Шведска за првпат од 1950 да не се квалификува на еден Мундијал.
„Можеби згрешив што станав селектор. Два порази беа доволни луѓето да ги заборават претходните 33 години од мојата кариера. Сега, сакам да го вратам тоа и верувајте дека ќе успеам“, изјави Вентура на презентацијата како нов тренер на тимот од Салерно.
Вентура минатата сезона накратко се врати на тренерската работа, но изддржа само четири натпревари во Киево. Претходно тој работеше во тимовите на Каљари, Бари и Торино.