Трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона е пред комплетирање, откако каталонскиот клуб ја уплатил сумата од 120 милиони евра за да ја активира клаузулата за прекин на договорот на Французинот, тврди „Л’Екип“. Атлетико и Барселона, засега го демантираат ова, но шпанските медиуми потврдуваат дека работата е пред „финиширање“.
Гризман веќе побара трансфер од „Ванда метрополитано“ ова лето, а и покрај „лошата крв“ која се појави со препукувања меѓу двата клуба, Барселона со овој потег е многу блиску до трансфер за 120 милиони евра, иако според „Л’Екип“ има уште многу административни формалности кои ќе треба да се завршат бргу.
Се верува дека одложувањето на договорот беше желбата на Атлетико да го добијат Нелсон Семедо како дел од договорот, но на крајот Барселона не сакала ваква зделка и решила целосно да ја исплати сумата.
Очекувањата се Гризман да потпише петгодишен договор со Блауграна, со кој би бил обврзан со клубот до 2024 година.
Les dirigeants catalans ont versé 120 M€ pour libérer Antoine Griezmann de son contrat avec l’Atlético de Madrid > https://t.co/CXKUcHMw5h pic.twitter.com/oXo13Crj9b
— L’ÉQUIPE (@lequipe) July 11, 2019