Легендата на Милан, Андриј Шевченко вели дека присуството на Паоло Малдини и Звонимир Бобан во структурата на „росонерите“ гарантира дека ќе дојдат подобри денови за навивачите на славниот италијански клуб.
Во интервју за „Ла газета дело спорт“, популарниот Украинец беше запрашан за тоа дали Милан може да се врати на славните денови под водство на Марко Џампаоло.
„Менталитетот на клубот не е сменет, а Малдини и Бобан нудат гаранции дека ќе биде добро. Има огромни очекувања, но сигурен сум дека Паоло и Звоне ќе го вратат Милан на вистинскиот пат. Сега се гледа јасна визија. Прво е потребен модерен стадион, иако ’Сан Сиро’ ќе ни недостига на сите. Тоа е важен чекор за економската стабилност на тимот. Џампаоло изгледа како човек со силни идеи, исто како и директорите и мислам дека е подготвен да стави печат. Но, тоа не значи дека Џенаро Гатузо беше лош – тој ги заврши своите обврски и пред него е голема кариера“, вели Шева.