Ливерпул стигна до втората победа во подготвителниот период, откако со 3:1 го совладаа Бредфорд сити, откако прво со 6:0 го победи Транмир.
Со многу промени во тимот на Јирген Клоп, Џејмс Милнер донесе водствово 13-тата минута со убав гол од далечина. Само две минути подоцна тој зголеми на 2:0, а во 41. минута, младиот Рајан Брустер зголеми на 3:0.
Со целосно нов тим во второто полувреме, „црвените“ не успеаја да постигнат уште еден гол, а Бредфорд намали на 3:1 во 81. минута преку Дојл.