Атлетико Мадрид вечерва на јавноста и го претстави англискиот репрезентативец Киран Трипије. Десниот бек досега играше за Тотенхема, а за неговиот трансфер „јорганџиите“ издвоија 22 милиони евра.
Трипие кариерата ја започнал во Барнли, а во Тотенхем играше од 2015 година. Во клубот од Лондон стекна целосна афирмација и стана стандарден член на англиската репрезентација.
За место во тимот Трипие ќе се бори со Колумбиецот Сантијаго Аријас.
Атлетико во овој преоден рок ја префрли сумата од 200 милиони евра за трансферите на Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Ренан Лоди, Фелипе, Иван Шапоњиќ и сега Трипие додека Ектор Ерера го донесоа како слободен играч.