Top Sport

Малком побарал трансфер

Еден од промашените трансфери на Барселона, Малком, побарал дозвола да замине од клубот. Неговите застапници веќе се сретнале со луѓето од клубот на кои им ја соопштиле неговата желба.

22 годишниот Бразилец минатото лето од Бордо пристигна во Барслеона за 40 милиони евра, меѓутоа не успеа да оправда ниту едно евро што клубот го вложи во него.

Три клуба од Англија се заинтересирани за Малком, но проблем може да претставува сумата што ја бара Барселона. Иаско имаше лоша сезона Каталонците бараат околу 60 милиони евра како обесштетување.

Интерес за Бразилецот покажале Евртон, Тотенхем и Арсенал.

Scroll to Top