Паоло Малдини техничкиот директор на Милан проговорил околу потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ на „Сан Сиро“. Медиумите шпекулиратат дека во Милан се заинтересирани за хрватскиот репрезентативец и дека ќе се обидат да го искориста неговото пријателство со Звонимир Бобан за да го убедат да дојде во Милано.
Малдини, за италијанските медиуми, ги негирал шпекулациите, дека клубот е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид.
„Никогаш не сме преговарале околу трансферот на Модриќ. Тоа никогаш не била тема на разговор. Ние сакаме млади играчи. Лука е сјајен, но ние не сме заинтересирани за него“, рекол Малдини и дополнил.
„Останавме без четворица играчи од средниот ред, мора да ја засилиме таа линија. Но нема да брзаме. Врвните играчи се скапи. Во овој момент сме заинтересирани за Верету и Бенасер“.