Top Sport

Дакар: Петерхансел со нова победа, Ал-Атијах на само 24 секунди од Саинс

Стефан Петерхансел ја освои својата трета етапна победа на Дакар релито во Саудиска Арабија, додека актуелниот шампион Насер Ал-Атијах успеа да се доближи на само 24 секунди од лидерот Карлос Саинс.

Тројцата најдобри возачи на овогодишниот рели маратон имаа предност што стартуваа први на 476 километри долгата деветта етапа од Вади Ад-Давасир до Харад, и тоа го искористија Петерхансел и Ал-Атијах, додека Саинс загуби пет минути. Ал-Атијах заостана само 15 секунди зад Петерхансел, кој со победата дојде на 6:38 заостанување зад Саинс најавувајќи интересен финиш на трката во последните три етапи.

Фернандо Алонсо, двократниот Ф1 шампион, кој дебитира на трката со 13 минути заостанување зад Петерхансел влезе во топ 10 во генерален пласман, остварувајќи ја најавената цел.

Во пласман на мотоцикли, Чилеанецот Пабло Квинтанилја (Хускварна) стигна до својата прва етапна победа, додека американскиот лидер на трката, Рики Бребек предаде четири минути од својата предност.

Квинтанилја победи со 1:54 предност пред Австралиецот Тоби Прајс, додека Жоан Бареда го освои третото место пред Бребек. Американецот сега има големи 20:53 предност пред Квинтанилја во генерален пласман, додека Прајс е трет со над 26 минути заостанување.

Scroll to Top