Top Sport

Фјури мастурбира седум пати дневно за да се подготви за реванш со Вајлдер

Подготовките на секој боксер за големите мечеви секогаш се посебни – со режим на исхрана, работа во теретана, и во случајот на „Џипси кинг“ Тајсон Фјури мастурбирање седум пати дневно.

Фјури следниот месец ќе добие втора шанса да ја освои ВБЦ титулата на Дионтеј Вајлдер по контроверзното реми во декември 2018, и во последното интервју кажува што зафаќа неговиот посебен режим.

„Правам многу работи кои не ги правев претходно. Јадам пет-шест оброци дневно, пијам осум литри вода. Тоа не е важно во мечот, но важно е да се добие предност претходно. Мастурбирам седум пати дневно за да го заддржам нивото на тестостерон. Морам да бидам активен“, открива Фјури.

31-годишниот Британец, пак, некои работи ги „скратува“.

„Ги елиминирам сите работи кои можат да ми пречат. Нема мобилни телефони, нема кока-кола. Секоја вечер си легнувам во 9.30, а станувам во 7 наутро, сосема свеж“, вели боксерот од Манчестер.

Вајлдер и Фјури ветија дека римечот ќе биде решен со нокаут

Scroll to Top