Top Sport

Валверде со писмо до фановите: Благодарам за прекрасни две и пол години

Ернесто Валверде се јави по отказот кој го доби од Барселона во понеделникот навечер, заблагодарувајќи се на на фановите и на претседателот и бордот на директори и посакувајќи му многу среќа на својот наследник, Кике Сетиен.

Иако околу околностите на отказот кој го доби имаше многу шпекулации, откако тимот преговараше со Чави Ернандез и со Роналд Куман веднаш по поразот од Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија, Валверде реши да биде дипломатски расположен во последното соопштение.

„Моето време како тренер на Барселона заврши. Се работеше за интензивни две и пол години од почетокот. Во тој период уживав во некои весели моменти, прославувајќи победи и освојувајќи титули, но други моменти беа навистина тешки. Сакам да се заблагодарам на искуството со фановите кои ми покажаа многу љубов. Би се заблагодарил и на претседателот Жосеп Марија Бартомеу и на бордот на директори што ми дадоа шанса да тренирам тим како Барселона. Исто така не би ги заборавил и фудбалерите за нивната посветеност со која освоивме четири титули. Од денеска им посакувам многу среќа под Кике Санчез“, вели Валверде во писмото.

Освојувајќи две титули од Ла лига и една од Копа дел реј, Валверде ги остава Барселона на првото место во Ла лига и со освоено прво место во групната фаза на Лигата на шампионите и пресметка во осминафиналето со Наполи. Тој е првиот тренер на Барса кој добива отказ по Луис ван Гал во 2003 година.

Scroll to Top