Top Sport

Алфа Ромео му нуди нов договор на Гванју Џоу

Кинескиот возач на Алфа Ромео, тимот на Формула 1, ќе потпише нов договор и ќе остане во шампионатот.

Челниците на Алфа Ромео биле презадоволни од перформансите на Гванју Џоу и се подготвени да продолжат да работат со него.

Гванју се истакнакако еден од посигурните возачи во Формула 1 шампионатот и често вози подобро од неговиот поискусен колега Валтери Ботас.

Од Алфа Ромео, велат дека не сакаат да дозволат никакви шпекулации и се подготвени да му понудат нов договор на Гванју Џоу, откривајќи дека биле скептични кога во 2022 година го потпишаа првиот договор со него.

Гуанју има 24 години и е првиот кинески возач во историјата на Формула 1.

Scroll to Top