Дизајнерскиот „гуру“ Адријан Њуи останува клучен член од тимот на Ред бул, иако поранешните шампиони неодамна ангажираа нов технички директор.
„Л’Екип“ објави дека Французинот Пјер Ваш е нов технички шеф на тимот, но дека Њуи ја презема улогата на „главен технички офицер“. Ваш, кој и претходно имаше одговорна улога во тимот ја опишува ситуацијата.
„Адријан секогаш е фокусиран н аеродинамиката, додека јас сум тука да ставам повеќе моќ на асфалтот. Јасно знам која ќе биде мојата позиција и кои се ризиците. Не ме плашат, но сите знаат дека мораме да донесеме резултати“, вели Вош за „Л’Екип“.
59-годишниот Њуи полека се „дистанцираше“ од модерната Формула 1 по 2014 кога се воведоа турбо-хибридната ера, и иако беше присутен на тестирањето во Барселона, не беше многу расположен околу иднината на спортот посебно по плановите на сопствениците „Либерти медија“ за ограничен буџет.
„Мерцедес се супериорни на секој начин во оваа формула на моторот. Моќ, потрошувачка, контрола, поврат на енергијата. Не можете да го надополните тоа со подобро дизајниран болид. Плановите на ’Либерти’ се социјализам и во вистинскиот живот тоа функционираше само во теорија“, изјави Њуи.