Возачот на Тојота, Насер Ал-Атијах, ја освои својата трета титула на најпознатото светско рели, Дакар. Ал-Атија влезе и во историјата на Тојота освојувајќи ја првата титула за овој тим на ова рели.

Ал-Атијах, во кариерата победил на Дакар во 2011 година со Фолксваген и во 2015 година со Мини.

Катарецот водеше во генералниот пласман од првата етапа. Како одминуваше релито тој само ја зголемуваше предноста над ривалите во генералниот пласман.

Ал-Атијах до победата дојде пред возачот на тимот Мини, Нани Рома.