Top Sport

Алан Прост си замина од Алпине Ф1, пристигнува Шафнауер?

Четирикратниот Формула 1 шампион, Алан Прост нема да продолжи како консултант на тимот на Алпине во 2022 година, заминувајќи заедно со досегашниот извршен директор на тимот, Марсин Будковски.

Популарниот „професор“, кој беше вработен од Рено (како што претходно се викаше тимот), се тркаше за француската компанија на почетокот на 1980-тите, а подоцна беше именуван и за неизвршен директор.

Шпекулациите велат дека досегашниот директор на Астон Мартин, Отмар Шафнауер ќе биде нов директор на Алпине, додека Давиде Бривио ќе остане како советник.

Scroll to Top