Top Sport

Ињаки Вилијамс со братска забелешка за Нико

Крилото на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс е пофален како вистински спротски пример за неговиот помлад брат Нико, откако по поразот во финалето на Шпанскиот суперкуп имаа интересна размена на погледи.

Билбао загубија со 2:0 од Реал Мадрид во неделата, и по доделувањето на медалите, 19-годишниот Нико реши да го отстрани медалот. Ињаки, кој има над 300 настапи за Атлетик, веднаш му покажа да го врати медалот на врат.

„Им кажав на помладите фудбалери дека во животот губиш почесто отколку што победуваш и дека мораш да продолжиш да се бориш и да страдаш. Се бориме за да имаме вакви шанси. Реал Мадрид ја заслужија победата и треба да им честитаме. Но, гордост е да се игра во финале и можеш да бидеш горд на тоа“, изјави Ињаки по мечот.

Атлетик Билбао е клуб кој уште останува на традицијата во нивниот тим да играат само Баскијци, а исклучокот за Ињаки и Нико Вилијамс е тоа што двајцата се родени во Билбао од родители од Гана. Ињаки го носи своето баскиско име во чест на работник во христијанската добротворна организација „Каритас“ во Билбао, кој им помогнал на неговите родители кога тие пристигнаа во Шпанија.

Scroll to Top