Top Sport

Албон итно опериран, Ник де Врис ќе дебитира за Вилијамс

Возачот на Вилијамс, Александер Албон, нема да вози на утрешната трка од Формула 1 за Големата награда на Италија на патеката во Монца. Тајландскиот возач синоќа морал на итна операција на слепото црево.

Вилијамс успеа да најде замена, па сепак утре ќе настапи и со двата болида. На местото на Албон ќе седне Ник Де Врис, кој денеска ќе се појави и во квалификациите.

Де Врис (27) ќе дебитира на трката во Монца откако неколкупати учествуваше на слободни тренинзи во последните неколку години како тест-возач на Мерцедес.

Scroll to Top