Top Sport

Плескањето по задник е сè попопуларен „спорт“ во Русија (видео)

Необичниот нов „спорт“, плескањето по задник, продолжува да расне во популарност во Русија, каде што минатиот викенд се оддржа првенство на Западен Сибир во градот Омск, каде што нова шампионка стана професионална танчарка.

Елена Мишагина, танчарка на шипка, реши да се обиде во спортот во кој правилата се едноставни – девојките се удираат по задник сè додека некоја натпреварувачка не ја загуби рамнотежата. Победничката ја бира публиката, која овојпат беше едногласна.

Плескањето по задник стана популарно како алтернатива на руските натпреварувања во удирање шамари, во кое, овојпат мажи се удираат во лице и каде што шампион е застрашувачкиот џин Василиј Камотскиj.

Scroll to Top