Top Sport

Алфа Ромео последни го покажаа болидот

Алфа Ромео го презентираа својот нов болид за 2022, Ц42, со кој се надеваат дека ќе се кренат од деветтото место кое го освоија минатата сезона.

Поранешниот тим на Заубер претстави поинаква комбинација на црвено-белите бои кои ги возат од 2018 година, и ќе влезат како единствен тим со нов возачки состав, со Финецот Валтери Ботас и Кинезот Гуанју Жоу, кои ќе ги заменат пензионираиот Кими Раиконен и Италијанецот Антонио Џовинаци.

Ц42 болидот на Алфа Ромео повторно ќе вози со мотори на Ферари, а тимот немаше најдобар старт на зимското тестирање и комплетираа повеќе кругови само од тимот на Хас.

Scroll to Top